Правила на наградната игра

/Правила на наградната игра
Правила на наградната игра2020-06-29T13:35:31+02:00

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

„Во жарот на летото со Talianetta

Член 1. – Компанија и седиште на приредувачот

Наградната игра ја организира Друштво за трговија и услуги Подравка ДООЕЛ Петровец, со седиште на адреса ул.9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, со ЕМБС 4276663 и ЕДБ 4030992253046.

Член 2. – Назив на наградната игра, време и место на одржување

Насловот на наградната игра е “Во жарот на летото со Talianetta“. Награднатa игра на Подравка ДООЕЛ ќе се одржи во периодот од 10.07.2020 до 31.08.2020 година на територијата на Република Северна Македонија, a преку веб-сајтот www.talianetta.mk

Член 3. – Цел на наградната игра

Целта на наградната игра е рекламирње на производи од брендот на Подравка – Talianetta. Во Наградната игра се вклучени следниве производи:

Talianetta резанки со сос од печурки 140 g
Talianetta макарони наполитана 160 g
Talianetta тестенини карбонара 160 g
Talianetta макарони болоњезе 160 g
Talianetta со 4 вида сирења 145 g
Talianetta рижото со печурки 150 g
Talianetta рижото со домати и моцарела 160 g
Talianetta рижото со пилешко и куркума 160 g

Член 4. – Услови за учество во наградната игра

За да се учествува во наградната игра, треба да се купат било кои 2 производи од брендот Talianetta на Подравка – рижото или тестенини [(Talianetta рижото со печурки 150g, Talianetta рижото со домати и моцарела160g, Talianetta рижото со пилешко и куркума 160g), (Talianetta резанци во сос од печурки 140g., Talianetta макарони наполетана 160g.,  Talianetta тестенини карбонара 160g., Talianetta макарони болоњезе 160g., Talianetta со 4 вида сирења 145g.)] да се регистрирате на www.talianetta.mk со испраќање на фотографија од фискалната сметка, заедно со личните податоци на страницата (име, презиме, улица, број, поштенски број, град, електронска пошта и телефонски број) преку онлајн формуларот за регистрација.

Истата фискална сметка може да биде регистрирана само еднаш. Истиот учесник во наградната игра може да учествува со повеќе фискални сметки, но не може да освои повеќе од една награда.

Право на учество во наградната игра имаат сите граѓани со живеалиште во Република Северна Македонија, освен вработените во Подравка ДООЕЛ и членови на нивното потесно семејство.

Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.

Член 5. – Награден фонд

Награди. Број на награди. Вредност на наградите во  денари. Вкупна вредност на наградите во денари.

Наградниот фонд е составен од тринаесет парични награди:

Прва награда – 60.000,00 денари

Втора награда – 30.000,00 денари

Останати десет награди – по 6.000,00 денари.

Данокот на личен доход ќе го пресмета и уплати приредувачот во име на добитникот.

Вкупната вредност на фондот на награди изнесува 150.000,00 денари.

Наградниот фонд е утврден исклучиво од парични награди кои добитникот не може да ги замени за производи и услуги кои не се наведени во наградниот фонд.

Член 6.

Извлекување на имињата на добитниците на награди и контрола на извлекувањето

Извлекувањето  на имињата на добитниците на наградите и контрола на извлекувањето на имињата на добитниците ќе се оддржи на 02.09.2019 во 10:00 часот. Извлекувањето ќе го надгледува трочлена комисија од Подравка (Мислав Матијевиќ – маркетинг директор, Трајковска Даниела – директор на финасии, Емилија Ќорнакова – маркетинг менаџер), а учествуваат сите пристигнати пријави заклучно со  31.08.2020 до 23:59:59 часот.

Извлекувањето ќе се врши по компјутерски пат во просториите на Подравка ДООЕЛ – Петровец,  со адреса на ул. 9, бр. 4, Мултифункционална индустриска зона Ќојлија, Петровец, Р. Северна Македонја. Извлекувањето ќе го надгледува трочлената комисија по што ќе биде направен записник кој ќе ги содржи имињата и презимињата и адресите на добитниците на награди. Задолжително ќе се провери дали се исполнети барањата/условите од член 4. на овој Правилник. Извлечените пријави кои нема да ги исполнат барањата/условите од член 4. на овој Правилник, нема јавно да се објават, а истите ќе бидат посебно записнички утврдени.

Доколку во наградната игра се вклучат помалку учесници од бројот на награди кои се предвидени со наградниот фонд, ќе се доделат онолку награди колку што има и учесници.

Член 7.

Објавување на резултати од извлекувањето

Резултатите од извлекувањето на Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 04.09.2020 на веб-сајтот www.talianetta.mk.

Рокот за превземање на наградите од наградната игра е 60 денови од денот на објавување за добиената награда.

Член 8.

Начин на превземање на наградите

На добитниците на наградите наградите во вид на парични средства ќе им бидат исплатени од страна на Приредувачот, на личната транскациска сметка на добитникот, во рок од 2 работни дена од приложувањето на трансакциската сметка од страна на добитникот.

Со превземање на наградите престануваат сите обврски на Приредувачот на наrрaдната игра спрема добитниците.

Член 9.

Начин на запознавање на учесниците со правилата на наградната игра

Учесниците ќе бидат запознаени со правилата на наградната игра пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии на Р. Северна Македонија, а преку објава на веб – страницата www.talianetta.mk. Со учество во наградната игра, учесниците ги прифаќаат обврските од правилата на наградната игра.

 

Член 10.

Идентификација на добитниците на награди

При освојување на наградата, сите добитници се должни да го потврдат својот идентитет со документ за лична идетификација.

Член 11.

Погрешни и нерегуларни пријави 

Погрешни и нецелосни пријави се неважечки и не му даваат право на учесникот на било каква награда. Во ниту еден случај нема да бидат поделени поголем број на награди од специфицираната количина во член 5 од овие правила.

Член 12.

Право на објавување и сопствеништво на медиумските содржини

Учесниците се согласни, доколку станат добитници на некоја од наградите, нивното име, презиме, адреса, фотографија и снимен материјал, Приредувачот да може да ги користи во промотивни активности преку сите медиуми, без надокнада и во согласност со добитникот. Исто така, Приредувачот ги задржува сите права на објавување и сопствеништво на медиумските содржини, кои произлегуваат од врачувањето на наградите на добитниците. Добитникот е обврзан во целост да соработува со Приредувачот во врска со креирањето и објавувањето на содржините произлезени од наградната игра и во врска со наградната игра.

Член 13.

Право на приговор и решавање на спор

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на наградната игра до Приредувачот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Приредувачот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.

Во случај на спор помеѓу Приредувачот и учесникот во наградната игра “Во жарот на летото со Talianetta”, надлежен е Основниот суд во Скопје.

Член 14.

Можност за прекин на наградната игра.

Наградната игра може да се прекине единствено во случај на виша сила, а по добивање согласнот од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија.

Член 15.

Валидност на правилата на наградната игра

Овие правила се применуваат откако Министерството за Финансии на Р. Северна Македонија ќе издаде дозвола и истите ќе се објават, а важат се до завршувањето на наградната игра.